„Прегратка“ на рускиот фотограф Сергеј Горшков е прогласена за најдобра фотографија на див свет за 2020 година. Во конкуренција на 49.000 фотографии од цел свет, победи неверојатната фотографија на амур, сибирска тигрица која е пред истребување поради прекумерен лов и сечење шуми. Се верува дека во дивина има само уште 500-600 примероци.
Жири комисијата ја опиша фотографијата како „неповторлива сцена на интимен момент длабоко во магична шума“. Снимена е во Источна Русија, а на фотографот му биле потребни 11 месеци да го улови моментот, користејќи скриени камери.
Ова се дел од останатите наградени фотографии во 16 категории: