Вечерва во 20 часот, во Галеријата на Младински културен центар (МКЦ) ќе се отвори групната изложба „4 пати слобода“, заеднички проект на четири ликовни уметнички кои потекнуваат од различни културни средини и имаат различен визуелен пристап.

Дел од овој проект се Јана Јакимовска и Шќипе Мехмети од Македонија, Украинката Снежана Мелник и Русинката Ала Хвастунова.

„Различни во својата визуелно-медиумска експресивност и во начинот на пренесување на мислата, но единствени во ставот и борбата за феминистичките права, еднаквоста и слободата на жените и во свесноста за својата телесност и табуата“, најавува МКЦ.