ФИЛХАРМОНИЈАТА СЛАВИ 76 ГОДИНИ СО РУСКАТА ВИОЛОНЧЕЛИСТКА КОБЕКИНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Филхармонијата денеска од 20 часот ќе го одржи својот роденденски концерт насловен „Колаж“ со руската виолончелистка Анастасија Кобекина, а ќе диригира Габриел Бебешелеа од Романија. На програмата се Концертот за виолончело и оркестар бр. 1 во А-мол, оп. 33 од Камиј Сен-Санс и Симфонија бр. 1 во Ц-дур, оп. 19 од Карл Марија Вебер. Концертот е во рамките на манифестацијата Есенски музички свечености.

Кобекина (1994) својот прв час по виолончело го имала на четири години. Вниманието на руската јавност го привлекла кога ја добила првата награда на ТВ-натпреварите „Оревокршачка“ и „Нови имиња“ во Москва. Во 2008 година била финалист на Евровизискиот натпревар на млади музичари во Виена.

Филхармонијата е основана на 24 ноември 1944, веднаш по завршетокот на Втората светска војна и само 11 дена по ослободувањето на Скопје.