ВО ЕВРОПА ГОДИНАВА ПРОДАДЕНИ НАД 500.000 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ

Брисел, (Гардијан)
STOKE-ON-TRENT, ENGLAND - NOVEMBER 15: A Electric vehicle is seen charging at a pod point on November 15, 2020 in Stoke-On-Trent, England. In a 10-point environmental plan to be announced this week, the British government is expected to ban the sale of petrol and diesel cars by 2030, five years earlier than previously committed. (Photo by Nathan Stirk/Getty Images)

Повеќе од 500.000 целосно електрични автомобили се продадени во Европа во првите десет месеци од годината, постигнување што автомобилската индустрија уште повеќе ја оддалечува од фосилните горива. Ако се додадат и хибридите, бројот на продадени еколошки возила во Велика Британија и на најголемите 17 европски пазари е поголем од еден милион оваа година.

Во текот на целата 2019, во Европа се продале 354.000 електрични автомобили.

Продажбата на електрични автомобили е во значителен пораст, како што државите ги заоструваат мерките против штетните емисии, а производителите вложуваат милијарди евра во развојот на модели со поголем домет. Сепак, возилата на фосилни горива и натаму доминираат на пазарот. Оваа година, во Европа биле купени 13,3 милиони нови автомобили, од кои огромно мнозинство се бензински и дизелски, кои се очекува да останат попрофитабилни од електричните до 2024 година.

Европа и Кина се најголемите пазари за електрични автомобили на светот.