Дела на уметникот Спасе Перовски се поставени во салата на Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во Градско. Насловена „Велес виа Градско“, ова е негова 11. самостојна ликовна изложба, која е дел од одбележувањето на Денот на Општина Градско.
„Изложбата ‘Велес виа Градско’ е симболична, како селење од Велес во Градско, оти секој ден патувам на релацијата Велес-Градско-Стоби. На изложбата имам дела од мојата прва самостојна изложба ‘Истражување на духот’ и од втората ‘Круг’“, вели Перовски, кој е директор на НУ „Стоби“.
Авторот се претставува со 15 слики во различни димензии (масло на платно и комбинирани техники), изработени во неговиот ран творечки опус, од 2000 до 2008 година.
П. ПЕЧКОВ