Огромна бетонска скулптура на вагина, која беше отворена на 30 декември, предизвикува контроверзи во Бразил.
Рачно изработената скулптура долга 33 метри е дело на бразилската визуелна уметница Жулијана Нотари и е поставена на рид во рурален уметнички парк во сојузната држава Пернамбуко. Насловена „Дива“, 20 мажи 11 месеци работеле на скулптурата, која е широка 16, а длабока шест метри.
„Ова уметничко дело има за цел да го преиспита односот помеѓу природата и културата во нашето фалоцентрично и антропоцентрично западно општество“, напиша Нотари на Фејсбук.
Таа вели дека е изненадена од реакциите.
„Иако знаев дека ова е моќно уметничко дело, не очекував да има омраза кон него или дека ќе предизвика толку многу навредливи коментари на социјалните мрежи“.