Германците имаат подобар секс благодарение на пандемијата на ковид-19, велат германски истражувачи.
Во анкетата спроведена од Универзитетот во Мерзебург, 16% од учесниците забележале дека нивната врска е подобрена во пандемијата, а 72% рекле дека не се влошила. Според водачот на истражувањето Хајнц-Јирген Вос, професор по сексологија и сексуално образование, само 12 проценти од луѓето сметаат дека нивната ситуација е полоша отколку пред рестрикциите.
Од анкетираните жени, 30% рекле дека врската им бележи подобрување, 58% изјавиле дека ситуацијата е непроменета, а 12% дека се влошила.
Институтот за истражување на сексот при Универзитетскиот медицински центар „Хамбург-Епендорф“ има дојдено до слични резултати.
„Половина од испитаниците не искусиле никаква промена во нивниот сексуален однос со партнерот. Од половината која забележала некакви промени, повеќето зборуваа дека тие се позитивни”, изјави Јохана Шредер, која го водеше германскиот дел од истражувањето.
Во студијата учествуваа и Турција, Хрватска, Португалија, Шведска, Холандија, Франција и Чешка.
„Во основа, луѓето имаат повеќе секс во овој период на затвореност. Очекуваме над 50 отсто од двојките да имаат подобро сексуално искуство. Во време на криза, романтичните и сексуални врски генерално се интензивираат. Љубовта и сексуалноста се еден од начините да се добие чувство на сигурност“, објасни берлинскиот психотерапевт Волфганг Кригер.