Цела шума ќе се засади во срцето на централен Лондон оваа пролет, како дел од инсталацијата што сценографот Ед Девлин ја дизајнира за градското биенале.
„Шумата за промена“ ќе го исполни дворот на палатата Сомерсет, која ќе биде домаќин на Лондонското биенале на дизајн од 1 до 27 јуни. Таа ќе вклучи 400 дрвја од 23 различни видови кои се својствени за Велика Британија и северна Европа.
Дрвјата ќе бидат во жардиниери и окружени со грмушки и друго зеленило, за да се добие илузија на шумски биодиверзитет.
„Главната идеја на биеналето е спротивставување на ставот дека човекот доминира над природата, па затоа сакаме шума да го преземе целиот двор“, изјави Девлин, кој е и уметнички директор на биеналето.