„Нетфликс“ соопшти дека ќе се снимаат и трета и четврта сезона од историската драма „Бриџертон“. Оваа објава следи иако снимањето на втората сезона сѐ уште не е завршено.
Стриминг гигантот неодамна соопшти дека во првиот месец од излегувањето „Бриџертон“ била гледана во рекордни 82 милиони домаќинства и е негова најуспешна серија. „Бриџертон“ е заснована на серија романтични романи на Џулија Квин.
„Нетфликс“ неодамна потврди дека ликот на Реге-Жан Пејџ, една од ѕвездите на серијата, нема да биде дел од втората сезона.