Карти за Бродвеј ќе почнат да се продаваат оваа недела, откако првите претстави по долга пауза беа најавени за 14 септември. Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, изјави дека на театрите ќе им биде дозволено да играат претстави во целосно полни сали.
Илјадници останаа без работа откако театрите на Бродвеј беа затворени во март минатата година поради пандемијата.
„Бродвеј е важен дел од идентитетот и културата на нашата држава и возбудени сме што повторно ќе се кренат завесите“, изјави Куомо.
Њујорк планира да укине најголем дел од ограничувањата уште овој месец, но на Бродвеј ќе му треба повеќе време да ги подготви и најави претставите.
Триесет и една претстава беа во продукција кога почна ширењето на коронавирусот. Во 2019 година, Бродвеј придонесол со 15 милијарди долари во економијата на градот.