ФЕДЕРЕР ПО ПЕТТИ ПАТ ЌЕ НАСТАПИ НА ОЛИМПИСКИ ИГРИ

Женева, (ЕФЕ)

Роже Федерер ќе настапи на претстојните Олимписки игри во Токио, објави Швајцарскиот олимписки комитет. Тоа ќе биде петта олимпијада за Федерер, кој следниот месец ќе наполни 40 години, во обид да го освои единствениот трофеј што му недостига во богатата кариера.

Федерер има олимписко злато во двојки од 2008, но четири години подоцна изгуби од Енди Мареј во финалето во поединечна конкуренција. Претходните Игри во Рио ги пропушти поради повреда на коленото.

Претходно, Федерер изјави дека учеството на Игрите во Токио ќе зависи од тоа како ќе се претстави на Вимблдон.

Рафаел Надал и Серена Вилијамс потврдија дека нема да играат на ОИ.