33. САЕМ НА КНИГА НА ОТВОРЕНО ОД 8 ДО 14 СЕПТЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Триесет и третото издание на Саемот на книга ќе се одржи од 8 до 14 септември, на отворено, непосредно до Аква паркот на „А1 арената Борис Трајковски“ , соопштија организаторите.

Мотото и годинава е „Безбедни саеми“, а ќе се одвива според важечките владини протоколи, со почитување на сите донесени мерки.

„Искуството од минатата година покажа дека со почитување на мерките, Саемот за книга може да се одржи во добар ред и со одлична промоција нанаслови. При тоа Скопје покажа дека Саемот на книга му е неопходен како еден вид духовна храна каде читателите може да ги изберат своите омилени парчиња“, велат организаторите.

Саемот и оваа година ќе биде организиран во соработка на Македонската асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарниците на Македонија, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија.