МОДЕН ЛЕКСИКОН НА МЕТ ГАЛА – ЅВЕЗДИТЕ СЕ ВРАТИЈА НА НАЈГЛАМУРОЗНИОТ МОДЕН НАСТАН (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Њујорк, (Би-Би-Си)

Некои од најславните имиња од филмот, музиката, модата и спортот синоќа се појавија на црвениот килим на Мет гала, еден од најголемите и најекстравагантни модни настани на годината. Настанот се врати по една година пауза поради ковид пандемијата, а се собираа средства за Институтот на костими во музејот Метрополитен.

Иман (Фото: Гети)

Годинава, темата беше „Во Америка: Лексикон на модата“ (In America: A Lexicon of Fashion) и креациите беа инспирирани од филмскиот серијал „Матрикс“, па сѐ до Статуата на слободата.

Џенифер Хадсон (Фото: Гети)

Домаќини на гала вечерта беа поп ѕвездата Били Ајлиш, тенисерката Наоми Осака, актерот Тимоти Шаламе и поетесата Аманда Горман.

Наоми Осака (Фото: Гети)
Новата тениска ѕвезда Ема Радукану (Фото: Гети)
Ким Кардашијан покриена во црно со фустанот на Демна Гвасалија (Фото: Гети)
Ријана со момчето А$АП Роки  (Фото: Гети)
Серена Вилијамс (Фото: Гети)
Карли Клос (Фото: Шатерсток)
Џенифер Лопез (Фото: Вајримиџ)
Пејачката Грајмс донесе вистински меч (Фото: ЕПА)