„Ролинг стоунс“ го имаше првиот концерт по смртта на долгогодишниот тапанар Чарли Вотс. Малиот загревачки настап за претстојната турнеја во САД се одржа на стадионот во Масачусетс пред 300 луѓе.
Мик Џегер го посвети концертот на Вотс, кој почина минатиот месец на 80 години.
„Ова е тажна ноќ за нас зашто ова е првата турнеја во последните 59 години што ја правиме без нашиот сакан Чарли Вотс. Многу ќе ни недостига, на и надвор од сцена. Имаме толку многу сеќавања за него“, изјави Џегер, пред микрофонот да го земе гитаристот Рони Вуд.
„Чарли, се молиме за тебе и свириме за тебе“.
Вотс, кој се придружи на „Стоунс“ во 1963, на тапаните го замени Стив Џордан, кој соработува со групата уште од 1980-ите.
Групата имаше проби во Бостон преку летото и поради ограничувањата за патувања поврзани со пандемијата не можеше да присуствува на погребот на Вотс во Англија.