ЕСТЕТИКА И ПОЛИТИКА ВО ФОКУСОТ НА МЕЃУНАРОДНАТА ИЗЛОЖБА ШТО ВЕЧЕРВА СЕ ОТВОРА ВО МСУ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Гледај тука сум без простор“ (See me moving placeless) е насловот на меѓународната изложба која ќе се отвори вечерва во 20 часот во Музејот на современа уметност (МСУ).

Кураторки се Мира Гаќина и Јованка Попова, кои селектираа 40-ина од 249 дела од уметничката колекција на „Дојче телеком“. Колекцијата се состои од цртежи до дигитални инсталации.

Делото на Христина Иваноска

„Намерата на изложбата е преку поврзување на естетиката и политиката да предложи нов наратив за регионот и да го редефинира начинот на перцепција на некогашните ситуации во нови прилики“, велат Гаќина и Попова.

Делото на Јане Чаловски

Во колекцијата има и дела од македонските уметници Јане Чаловски и Христина Иваноска, кои ќе бидат вклучени во изложбата во МСУ.