Ретка колекција на скици и цртежи од американскиот боксер Мухамед Али, кој обожавал да црта меѓу борбите, ќе се продава на аукција во Њујорк следната недела. Збирката од 24 дела, многу од нив во стриповски стил, а некои се и потпишани, го претставува интересот на Али за религијата и социјалната правда, но има и некои кои го претставуваат него во рингот.
Сликата „Sting Like a Bee“, што Али ја насликал во 1978 за време на снимањето на историската минисерија „Freedom Road“, во која што игра, се очекува да се продаде за сума меѓу 40.000 и 60.000 долари на аукцијата на 5 октомври.
Аукциската куќа „Бонамс“ вели дека страста на Али за цртање била непозната за јавноста, но тоа за него било еден вид релаксација после борба или тренинг.
„Многумина се возбудени бидејќи ретко кој знаел дека тој беше и уметник. Речиси никој не знаеше за неговото уметничко богатство“, вече Хелен Хол, директорка за популарна култура во „Бонамс“.