ИНСПИРИРАН ОД ЛЕТОТ ВО ВСЕЛЕНАТА, БЕЗОС ЌЕ ДОНИРА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА ОБНОВА НА ПРИРОДАТА

Глазгов, (Би-Би-Си)

Џеф Безос вети дека ќе донира две милијарди долари за обнова на природата, за што го инспирирало неодамнешното патување во вселената. Основачот на „Амазон“ беше критикуван што троши пари на летови во вселената, место да ги решава проблемите на Земјата.

Земјениот фонд на Безос планира да потроши вкупно 10 милијарди долари на борбата против климатските промени.

На самитот за климата во Глазгов, Безос го опиша своето искуство од патувањето во вселената, кога се уверил во ранливоста на Земјата.

„Ми кажаа дека гледањето на Земјата од вселената ја менува леќата низ која се набљудува светот, но не бев подготвен колку тоа било вистина. Гледано оттаму, атмосферата изгледа многу тенка, а светот толку ограничен и кревок. Во оваа критична година и решавачка деценија мора да се здружиме за да ја спасиме планетата“, изјави Безос.

Во септември, неговата фондација објави дека ќе донира милијарда долари за заштита на природата и на домородните народи и култури.