„ТАНЕЦ“ И ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ ЗА ПРВПАТ СО ЗАЕДНИЧКИ КОНЦЕРТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Националниот ансамбл „Танец“ и гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски вечерва (20 часот) ги отвораат 22. Есенски музички свечености со концерт во Националната опера и балет. Традиционалната манифестација ја организира Дирекцијата за култура и уметност Скопје.

Стефановски е долгогодишен пријател на „Танец“ и во текот на својата речиси петдецениска кариера многупати има настапено со ансамблот дома и во странство, но ова е нивни прв заеднички целовечерен концерт.