ПРВИОТ МЈУЗИКЛ НА СПИЛБЕРГ „ПРИКАЗНА ОД ЗАПАДНАТА СТРАНА“ ОД ДЕНЕСКА ИГРА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Новиот филм на оскаровецот Стивен Спилберг, „Приказна од западната страна“, од денеска игра во скопските кина Милениум и Синеплекс. Станува збор за римејк на мјузиклот од 1961 година, кој ги истражува забранетата љубов и ривалството помеѓу Џетс и Шаркс, тинејџерски улични банди од различни етнички потекла.

Енсел Елгорт, Рејчел Зеглер, Аријана Дебосе и Давид Алварез ги играат Тони, Марија, Анита и Бернардо. Се појавува и легендарната Рита Морено, која во првиот филм беше Анита, за што освои оскар за најдобра споредна улога.

Ова е прв мјузикл во богатата кариера на Спилберг, а премиерата доаѓа една година подоцна од предвидениот термин.