Скопје беше домаќин на првиот турнир од новоформираната регионална лига во билјард, на кој славеше Лабинот Маркај од Косово. Во финалето, тој со 9:4 го совлада Дејан Сипковски, првиот македонски државен првак во овој спорт.
На турнирот настапија 76 играчи, од кои 30 од Македонија. Покрај Маркај и Сипковски, до полуфиналето стигнаа и Едмонд Заја од Албанија и Дејан Станковиќ од Србија.
Балканската лига ќе се игра во две дивизии (северна и јужна), а на крајот ќе има завршен мастерс турнир. Следните два турнира ќе се играат во Солун и Петрич.