САН МАРИНО ГО ИМЕНУВАШЕ ПРВИОТ ГЕЈ ШЕФ НА ДРЖАВА НА СВЕТОТ

Сан Марино, (Гардијан)

Најстарата република на светот Сан Марино го избра првиот геј шеф на држава на светот. Педесет и осумгодишниот Паоло Рондели стана еден од двајцата главни регенти, покрај Оскар Мина, чиј мандат трае шест месеци.

Рондели, кој девет години беше амбасадор во САД, е еден од најгласните ЛГБТ активисти во Сан Марино, каде што хомосексуалноста се казнуваше со затвор до 2004 година. Иако главен регент е највисоката функција во државата, таа не носи и извршна моќ.

Луксембург и Србија моментално имаат геј премиер, но Рондели е првиот геј шеф на држава.

Сан Марино е основано во 301 година и е еден од малкуте средновековни градови-држави кои опстанале до денес, покрај Андора, Лихтенштајн и Монако. Денес има помалку од 35.000 жители.