ВО ЊУЈОРК ДОВРШЕН НАЈТЕНКИОТ ОБЛАКОДЕР НА СВЕТОТ

Њујорк, (Дезин)

Во Њујорк заврши изградбата на најтенкиот облакодер на светот, кој истовремено е втор највисок во западната хемисфера. Сместена во таканаречениот Ред на милијардери во централен Менхетн, зградата е висока 435 метри, а со соодносот висина-ширина од 24:1 се смета за најтенка на светот.

Кулата беше најавена во 2013 и почна да се гради следната година, но работите беа во застој до 2017 од финансиски причини.

Според архитектонското студио „SHoP“, кулата е изградена од бетон со најголема цврстина на светот.