ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ЌЕ ГО ОДБЕЛЕЖИ 18. РОДЕНДЕН СО ТРИ ПРЕТСТАВИ ВО МНТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Танц фест Скопје вечерва ќе го одбележи својот 18. роденден со изведба на три дела во Македонскиот народен театар, со почеток во 20 часот.

Во „Котел“ на Рисима Рисимкин ќе настапат младите танчари Сара Димовска, Јоана Благадуша, Андреј Димоски, Клара Цветковска, Емилија Милак, Викторија Коцева и Стефани Шааршмит, кои се школуваат на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а кои годинава влегуваат во состав на Скопје танцов театар 2. Музиката е на Тони Китановски, а костимите на Благој Мицевски.

Второто дело е „Go Figure It Out“ на Адријана Данчевска, во кое ќе настапат Дејан Битровски, Сара Димоска, Стефани Шааршмит, Андреј Димоски и Викторија Коцева.

За крај ќе се изведе претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ на Рисимкин, која неодамна гостуваше во Париз и доби одлични критики. Ќе настапат Анастасија Данчевска, Сара Цветковска, Адријана Данчевска, Дејан Битровски, Бобан Русески, Викторија Коцева, Андреј Димоски, Стефани Шааршмит и Емилија Милак.