ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ВО ШТИП ЗА КНИГАТА НА ДАЛИБОР ТРАЈКОВ ЗА ДЕВОЈЧЕ КОЕ ГИ БАРА БИОЛОШКИТЕ РОДИТЕЛИ

Штип, (СМАРТ СДК.МК)

На саемот „Сакам книги“, што се одржа викендов во Штип, доста внимание привлече писателот од Кавадарци, Далибор Трајков, кој во градот на неговата сопруга, како што кажа, сака да го сврти вниманието на читателската публика. Народната библиотека „Гоце Делчев“ беше преполна со млади читатели кои ја бараа неговата книга.

„Закопаната вистина“ е реална фикција за девојче кое потекнува од Штип и си ги бара своите биолошки родители.

Трајков е полициски инспектор во Кавадарци и како што објаснува, и покрај обемната работа, наоѓа време да пишува и не крие дека за неговото литературно творештво инспирации црпи и од неговата работа која изобилува со разни животни случки и приказни.

Трајков вели дека наскоро ќе се појави во јавноста со две нови книги на сосема други тематики.

Т. ЈОВАНОВСКИ