ВО МСУ В ЧЕТВРТОК СЕ ОТВОРА ГРУПНАТА ИЗЛОЖБА „ПЕЈЗАЖ НА ВОЗНЕМИРЕНОСТ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК.)

Во Музејот на современата уметност (МСУ) во Скопје в четврток ќе се отвори изложбата „Пејзаж на вознемиреност“, во чиј фокус се климатски состојби и еколошки предизвици.

Учесници на изложбата се Тихомир Топузовски, Ивана Васева, Опсесивно-посесивна агресија (Денис Сарагиновски и Слободанка Стевческа), Ивана Мирчевска, Дарко Алексовски, Никола Узуновски, Зорица Зафировска, Кирил Арсовски, Биљана Гаревска и Дарко Базерко.

За време на изложбата ќе има и јавна програма, што на 12 март ја отвора Адам Ночек, професор по филозофија на науката и технологијата на Државниот универзитет Аризона.