ВО ДЕБАР МААЛО СЕ ЧЕСТВУВАШЕ ГОРАН СТЕФАНОВСКИ НА ДЕНОТ ШТО ЌЕ БЕШЕ НЕГОВ 71. РОДЕНДЕН

Скопје, (СМАРТ СДК.МК.)

Со изведба на песната „Тмурна пролет“ од „Леб и сол“ почна настанот со кој кај неговиот споменик во Дебар Маало се обележа денот на раѓањето на великанот на македонската драматургија Горан Стефановски.

Стефановски е роден на 27 април 1952, а почина на 27 ноември 2018. Споменикот е поставен во триаголниот парк спроти кафеаните „Наџак“ и „Идадија“. На 27 април 2019 во негова чест беше засаден чинар на тоа место.

Братот на Горан, Влатко Стефановски, меѓу гостите (Фото: К. Попов)

Александар Микиќ ја водеше манифестацијата со актерска импровизација, разговарајќи со Стефановски како Јоне од неговата драма „Лонг плеј“.

Собирот го организираше Општина Центар, а во музичкиот дел настапија Мирко Попов, Марија Каева и Дина Јашари.

(Фото: К. Попов)