Никола Јовиќ или Никола Јокиќ, Србија ќе го добие петтиот кошаркар со НБА титула кога вечерва ќе почне финалето на плеј-офот, во кое се среќаваат навидум непобедливиот Денвер нагетс и големото изненадување Мајами хит.
Центарот на Денвер ги поместува границите и е убедливо најдобриот играч во плеј-офот. Целата кошаркарска јавност е воодушевена од она што Јокиќ го прикажува на теренот не само оваа сезона и прашање е дали Мајами има играчи кои можат да го запрат да го одведе Денвер до првата титула во клупската историја. Во плеј-офот, тој имаше просек од 29,9 поени, 13,3 скокови и 10,3 асистенции.
Од другата страна е 19-годишниот Јокиќ, кој ја игра првата сезона во НБА лигата и досега имаше скромен придонес во успесите на Мајами.
Дарко Миличиќ, Предраг Стојаковиќ, Огњен Кузмиќ и Немања Бјелица се српските кошаркари кои имаат НБА прстен, додека Владе Дивац, Владимир Радмановиќ и Саша Павловиќ играа во големото финале.