ДОМАШНИ И СТРАНСКИ ДИЗАЈНЕРИ ЌЕ СЕ ПРЕТСТАВАТ НА ТРЕТИОТ СКОПСКИ МОДЕН ФЕСТИВАЛ ОД 28 ДО 30 СЕПТЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Повеќе домашни и странски дизајнери ќе се претстават на Скопскиот моден фестивал, кој ќе се одржува од 28 до 30 септември во ноќниот клуб „Пјур“. Официјалната програма со ревии ќе се одвива во тие денови од 18:30 до 22:30 часот.

Трите заштитни лица се моделите Аинура Јементаева, Тами Петковска и Кристина Велковска од агенцијата „Моделс ин“.

„По година и пол од првото издание, односно по две одржани сезони, Скопскиот моден фестивал може да се пофали со учество на над 40 дизајнери, брендови и академии, како и со посетеност од речиси 15.000 гости во текот на ревиите, изложбените салони и пропратните активности“, велат организаторите.