Пијанистот Дино Имери ќе одржи серија концерти на домашната и на меѓународната сцена, самостојни, но и во рамки на фестивали и проекти.
Првиот настап е на 16 октомври, заедно со тенорот Михаило Арсенски, на отворањето на фестивалот Златна лира, кој е во организација на Сојузот на музички уметници на Македонија.
На 25 октомври, по повод јубилејот 30 години билатерални односи помеѓу Македонија и Велика Британија, Имери ќе одржи концерт во Лондон, во Кралскиот колеџ за музика, заедно со хрватскиот пијанист Ведран Јањанин.
На 19 ноември, Имери ќе одржи солистички рецитал во Државниот архив во Загреб. На 4 декември се враќа во Камерната сала на Филхармонијата во Скопје, каде што заедно со диригентката Дијана Имери-Илкоска ќе го изведат проектот „Музика и поезија – вечер со музиката на Шопен“. Како солист на пијано, Имери ќе ги свири Концертот за пијано и оркестар бр. 2 во Ф-мол и други дела на Фредерик Шопен.