ТРЕТ КОНЦЕРТ НА „НОКАУТ“ ВО ФИЛХАРМОНИЈА НА 2 ДЕКЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Групата „Нокаут“ ќе одржи трет концерт во Скопје, на 2 декември во Филхармонија, откако се распродадоа двата закажани на 10 и 11 ноември.

Концертите се акустични и доаѓаат брзо по промоцијата на четвртиот албум на бендот, „Што бараш ти во мојата песна“. Гостин на сите три концерти е Дарко Гелев-Брејк.

„Уште не ни се верува дека за еден ден се распродаде првиот концерт, многу сме благодарни за тоа. А, што се однесува до Брејк, беше многу тешко да се убедиме да ни биде гостин. Се убедуваме веќе пет години да настапиме заедно, едвај прифати и сега сме сите радосни. Тој ќе испее неколку свои песни кои заедно сме ги работеле, а ќе има и дуети на двата концерта“, изјави фронтменот на „Нокаут“, Никола Перевски-Пере, на промоцијата на албумот во Скопје.

Концертите ги организира продукцијата „Сцена“.

Фото: К. ПОПОВ