ОРКЕСТАРОТ НА ФИЛХАРМОНИЈАТА ГО СЛАВИ 79. РОДЕНДЕН СО КОНЦЕРТ НА 23 НОЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

В четврток (23 ноември) од 20 часот, оркестарот на Филхармонијата ќе го одржи својот роденденски концерт насловен „Вдахновение“. Ќе го води диригентот Конрад ван Алфен од Холандија, а како солисти ќе настапат виолинистот Даниел Роланд  од Англија и Маја Богдановиќ (виолончело) од Србија.

На програмата се Концертот за виолина и виолончело во А-мол, оп. 102 од Јоханес Брамс и Симфонијата бр. 2 во Е-мол, оп. 2 од Сергеј Рахмањинов.

Оркестарот на Филхармонијата е формиран на 24 ноември 1944, само 11 дена по ослободувањето на Скопје, во домот на композиторот Тодор Скаловски на улицата Крушовска 27.

(Фото: На концертот ќе диригира Конрад ван Алфен од Холандија)