ПРОМОЦИЈА НА РОМАНОТ „ЕПИТАФ ЗА АКТЕРОТ“ ОД СРПСКАТА АВТОРКА ЉУБИЦА КУБУРА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Утре (1 декември) од 18 часот, во „Јавна соба“ во Скопје ќе се одржи промоција на новиот роман на Љубица Кубура, „Епитаф за актерот“ (Епитаф за глумца), што ја организира српскиот културно-информативен центар „Спона“. На промоцијата ќе присуствува и авторката.

Љубица Кубура е родена на 29 јануари 1988 во Белград, каде што моментално живее и работи. Еден период од животот го поминала во Скопје. Пишува колумни за неколку портали во Србија и ја има напишано збирката раскази „Белградски акварел“.

Главниот лик во „Епитаф за актерот“ е Крсто Чутура, кој заминува од куќата на родителите, доаѓа во голем град и станува познат актер.