Денеска (9 декември) од 20 часот, на малата сцена во Македонскиот народен театар ќе се изведе премиерата на претставата „Поткровје“, според „Цената“ на Артур Милер, а во режија на Александар Ивановски.
За „Поткровје“ се вели дека е претстава која ги истражува цената на одлуките, одговорноста која ја имаме кон себе и кон семејството и вината со која живееме поради изборите што сме ги направиле. Во претставата играат Томислав Давидовски, Елена Кузманов, Горан Ников и Хари Михајловски. Сценограф е Ненад Тонкин, а плакатот го дизајнираше Тео К. Атанасовски. Преводот го направи Марио Стојаноски.
Следната изведба ќе биде во јануари следната година.