Скопскиот „Брас квинтет“ ќе свири песни од Тоше Проески на концертот кој ќе се одржи на 25 декември во Филхармонијата.
„Инспирирани од претходните концерти со нови аранжмани на песни на ‘Битлс’, ‘Квин’, Мајкл Џексон, дојдовме на идеjа за преработка на безвременските хитови на несомнено најпопуларниот пејач на овие простори. Со изработката на овие аранжмани, се погриживме популарните песни на Тоше да влезат во нотниот репертоар за камерни ансамбли. По концертите, нотите ќе бидат подарени на музичките образовни институции во Македонија“, велат од квинтетот.
Новите аранжмани на песните од Тоше се на Трајко Велков, прилагодени според изведбените и звучни карактеристики на лимените дувачки инструменти.
Билетите се продаваат онлајн и на продажните места на МкТикетс.