Утревечер (22 декември) од 21 часот, во Домот на млади во Штип ќе се одржи музички настан со рок бендот „Саут парк“ и диџејката Емили Нас. Настанот е во рамките на фестивалот ДНМ Носталгија.
Билетите се резервираат преку порака на Фејсбук и Инстаграм профилот на Домот на млади и чинат 100 денари.
„Саут парк“ е еден од најактивните скопски кавер бендови, а има и неколку авторски песни.