Учениците од три училишта во Велес, основните „Васил Главинов“ и „Св. Кирил и Методиј“ и средното „Димитрија Чуповски“, изработија новогодишни честитки од рециклирана хартија. Тие ги поделија честитките на децата во Детското одделение при Општата болница во Велес и на минувачите, со цел да се подигне свеста и и да се зголеми знаењето за начинот на рециклирање хартија.
Оваа активност е во рамките на проектот „И хартијата има вредност – рециклирај за здрава иднина!”. Проектот го реализира здружението „Ресурсен центар на лица од ранливи категории“ од Велес, во партнерство со здружението „Куќа на среќата” од Скопје и е финансиран од Европската Унија.
П. ПЕЧКОВ