СОС ДЕТСКОТО СЕЛО ОТВОРИ СТРАНИЦА ЗА МЕСЕЧНИ ДОНАЦИИ ЗА ДЕЦАТА ШТИТЕНИЦИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

СОС Детското село започна со кампањата „Ниту едно дете да не расте само“ со порака „топол дом и грижа за децата без родителска грижа за празниците“.

Кампањата е со цел преку веб страницата на СОС детското село, граѓаните со месечни донации да го покријат трошокот за дополнителна едукативна поддршка за едно дете во текот на една година. За кампањата е снимена и видеопорака за да ги поттикне луѓето да донираат.

„Секое дете заслужува среќно и безгрижно растење. Во изминатите 22 години, СОС Детско село ги поддржува згрижувачките семејства за децата без родителска грижа да растат со љубов, грижа и семејна топлина. Само со посветена грижа ќе овозможиме нивна сигурна иднина“, велат од СОС Детско село.