ШЕСТО ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ „ЗЕМЈОТРЕС“ ВЕЧЕРВА ВО МКЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Фестивалот на независна музика „Земјотрес“ вечерва ќе го има своето шесто по ред издание во Младински културен центар во Скопје.

Распоредени на три сцени, на фестивалот ќе настапат вкупно 23 бендови, соло-проекти и диџеи, што ќе овозможи осумчасовна музичка програма.

Фестивалот го отвора кумановската построк група „Хара“ во 20.20 часот во Денсинг салата, а потоа програмата продолжува и во бифето „Фросина“ и на техно-стејџот.

Тој ќе опфати најразлични музички стилови, а настапите на учесниците ќе бидат ограничени на максимум половина час.

Меѓу другите, на една од трите сцени ќе настапат „Стринг форсис“, „Љубојна“, „Сетстет“, „Астролангс“, „Ју“, „Трендкил“, „Палиндром“, „Гаргојлс“, Александар Велики, Душко Јаневски, Мирко Попов…

Влезницата за настанот чини 200 денари.