Групата „Фанк шуи“ го промовираше спотот за насловната песна од албумот „Никогаш пак“, кој го издаде лани.
„Спотот е снимен на места кои ги чувствуваме како да сме дома и му го посветивме на Скопје, заедно со режисерот Владислав Гавриловски”, велат од бендот.
Минатата година, „Фанк шуи“ имаше повеќе од 20 концерти во Европа: Берлин, Виена, Гронинген, Белград, Нови Сад, Загреб. По промоцијата на албумот одржа два концерта во Младинскиот културен центар во Скопје.
Музиката и текстот на песната се на „Фанк шуи“, а аудиопродукцијата е на Бен Милчев.
Синглот „Никогаш пак”, како и истоимениот албум, е достапен на сите дигитални платформи за слободно преслушување, како и во повеќе од 150 дигитални музички продавници.