ЏЕЗЕРИТЕ И ЏОН ИЛИЈА АПЕЛГРЕН СО КОНЦЕРТ СО ХИТОВИТЕ НА СИНАТРА НА 14 ФЕВРУАРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Националнот џез оркестар ќе одржи концерт на 14 февруари од 20 часот во Операта, со Џон Илија Апелгрен како вокал кој ќе ги пее хитовите на Френк Синатра, симболично избрани поради денот на виното и на љубовта.
„14 февруари е датум кој се поврзува со убави нешта, денот на љубовта, денот на виното, а годинава овој датум ќе го одбележи и еден посебен настан“, велат од Оркестарот.
Ова е втор концерт на Националниот џез оркестар под новото име. Првиот со наслов „Џез нова“, тие го одржаа минатата недела во полна сала, свирејќи дела од македонски автори.