Холивудскиот актер Том Круз продолжи со снимањето на шестиот дел на „Невозможна мисија“ на покривите низ Лондон, откако лани во август го повреди зглобот на ногата, снимајќи сцена со скокање.
Стотици граѓани го гледаа 55-годишниот актер додека половина час стоеше на 300 метри високата зграда на музејот на современа уметност „Тејт“ во централен Лондон.
Во близина на актерот надлетуваа два хеликоптери, иако се чинеше дека актерот, и покрај ветровитото време, воопшто не се плаши додека стоеше на работ од зградата.
Круз, кој е познат по тоа дека сам ги снима акционите сцени, по шести пат го игра ликот на агентот Итан Хант, а премиерата е најавена за јули годинава.