СИНОВИТЕ НА ЛЕНОН И МАКАРТНИ ЈА СНИМИЈА ПРВАТА ЗАЕДНИЧКА ПЕСНА

Лондон, (Би-Би-Си)

Џејмс Макартни и Шон Оно Ленон, синовите на легендите на „Битлс“ Пол Макартни и Џон Ленон, објавија заедничка песна, акустична балада насловена „Primrose Hill“.

Промовирајќи ја песната со неговиот добар пријател, Макартни изјави дека многу се возбудени поради неа. Тој откри дека песната била инспирирана од визија што ја имал како дете еден летен ден во Шкотска.

Шон е помладиот син на Џон Ленон и Јоко Оно, додека Пол Макартни го доби Џејмс во бракот со Линда Макартни. Ова е нивна прва музичка соработка откако досега имаа разни соло проекти со различен успех.

(Фото: Икс)