ВЕЖБАМ ПЕТ ДЕНА НЕДЕЛНО И САКАМ ПАК ДА ПЕАМ, РЕЧЕ СЕЛИН ДИОН, КОЈА СЕ БОРИ СО РЕТКА БОЛЕСТ

Франција, (Си-Ен-Ен)

Селин Дион зборуваше за животот со ретката невролошка состојба синдром на вкочанетост, велејќи: „Ништо нема да ме спречи“. Во интервјуто за француски „Вог“, канадската пејачка рече дека е добро, но дека има уште многу работа.

„Одам ден по ден. Се надевам дека ќе се најде чудотворен лек за состојбата што влијаеше на моите пеење и секојдневен живот, но работам на прифаќање на ситуацијата“, вели Дион.

Синдромот на вкочанета личност се карактеризира со мускулна ригидност, грчеви, зголемена чувствителност на звуци и светла и емоционална вознемиреност.

Дион во декември 2022 објави дека зема одмор од професионалните обврски за да се фокусира на своето здравје откако ја откри дијагнозата. Оттогаш, таа престана да настапува во живо.

Во интервјуто, таа откри дека поминува пет дена во неделата на физичка и вокална терапија.

„Работам на прстите, колената, пеењето и на гласот. Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам. Ја имам оваа болест од непозната причина. Како што гледам, имам два избора: или да тренирам како спортист и да работам напорно или да се исклучам и да останам дома, да ги слушам моите песни, стојам пред огледало и да си пеам. Избрав да работам со целото мое тело и душа, од глава до пети, со медицински тим. Сакам да бидам најдобра што можам. Мојата цел е повторно да ја видам Ајфеловата кула“.

Дион не може да им вети на фановите дека ќе се врати на настапите во живо.

„Како што стојат работите, не можам да кажам. Моето тело ќе ми каже. Од друга страна, не сакам само да чекам“, рече пејачката.

(Фото: Гети)