ОЛ-СТАР ЏЕЗ БЕНДОТ „МАСЕДОНИЈАН ФРИ СОСАЕТИ“ ЌЕ ГО ИМА ПРВИОТ НАСТАП ВО ЖИВО НА ЗАТВОРАЊЕТО НА „КРАЈ ВАРДАРОТ ЏЕЗ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Ол-стар бенд на македонски џезери ќе настапи на вечерашното затворање на петтото издание на џез фестивалот „Крај Вардарот џез“, чиј основач беше и неодамна починатиот Мирко Попов.

Македонската јавност првпат ќе има можност да го слушне во живо осумчлениот состав „Маседонијан фри сосаети“ (Macedonian Free Society), составен од музичари од лејблот „ПМГ Џез“, Филип Букршлиев, Дени Омерагиќ, Нинослав Спировски, Владан Дробицки, Васко Бојаџиски, Гоце Наумов, Глигор Кондовски и Благојче Томевски.

Концертот ќе се одржи во едукативниот културен центар „Лабораториум“ во Скопје со почеток во 21 часот.

Од 22 часот, актерот Оливер Митковски и музичарот Андреја Салпе ќе го изведат својот проект „Поетроника“, кој комбинира електронска музика и поезија на македонски повоени и современи автори.