25 МЕДАЛИ ЗА ТАНЦОВОТО СТУДИО „ДЕНСЕРС ЈУНАЈТЕД“ ОД СКОПЈЕ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ЛАТИНО ТАНЦИ ВО ПОЛСКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Младите танчари од инклузивното танцово студио „Денсерс јунајтед“ освоија 25 медали на Светското првенство во латино танци кое се одржуваше во Варшава, Полска. Тие се закитија со седум златни медали, десет сребрени и осум бронзени медали.

„Ја претставивме нашата држава на највисоко ниво, а Македонија секоја година станува сè посилен конкурент на светската сцена, на што сме особено горди. Овој успех покажува дека сме на вистинскиот пат и го потврдува нашиот статус во латино танците на светско ниво“, велат од танцовото студио.

Еден од судиите на првенството беше и Сара Кочан од Македонија.