Оригиналниот акварел за корицата на „Хари Потер и каменот на филозофот“, првата книга од бестселер серијалот на Џ. К. Роулинг, е ставен на аукција и се проценува дека ќе достигне цена од повеќе од 400.000 долари.
Аукциската куќа „Сотбис“ соопшти дека го продава делото на аукција со проценета цена од 400.000 до 600.000 долари и додаде дека тоа е „највисоката сума за дело поврзано со Хари Потер“.
Илустрацијата на британскиот автор и илустратор Томас Тејлор се најде на кориците на првото издание на романот во 1997. Тоа била првата професионална задача за тогаш 23-годишниот Тејлор. Тој бил меѓу првите кои го прочитале ракописот и му требале два дена да го заврши описот на младиот волшебник со неговите темна коса, тркалезни очила и лузна во форма на гром.
(Фото: ПА)