Македонски пејачи и диџеи ќе настапат на првиот „Урбан ФМ фестивал“, што ќе се одржи на 9 јуни во скопскиот Градски парк на локацијата „Вембли“ од 17 часот.
„Фестивалот ќе има за цел да внесе нова авангардна културна содржина во Скопје и да ја запознае широката публика со музичката креативност. На отворено ќе можат да се слушнат бројни жанрови на музика“, велат од „Урбан ФМ“, кое го организира фестивалот по повод својот прв родеден.
Од радиото велат дека фестивалот ќе биде маратонски, а програмата ќе ја емитуваат во живо. Настапуваат Роберт Билбилов, Пајак, Таско, Сара Мејс, Тони Зен, Александра Јанева, Лара Иванова, Зарина Првасевда, Алексадар Тарабунов, Ивона Јо, Тамара Волческа, Теа Трајковска и многу други.