ДЕНОВИ НА ПОРТУГАЛСКИ ФИЛМ ОД ВЕЧЕРВА ВО КИНОТЕКАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Четири филма ќе се прикажат на Деновите на португалската кинематографија, што почнуваат денеска во Кинотеката. Оттаму велат дека на програмата се ремастерирани верзии на општествено ангажирани, неколку децении стари филмски творби.

Овие филмови се речиси непроценлив историски документ, создадени среде турбулентните настани во тогашна Португалија. Тоа се и своевидни манифести за односот помеѓу киното и политиката, за самиот медиум на филмот, кој не е само обичен набљудувач на настаните, туку и активен учесник во револуционерниот чин“, велат од Кинотеката.

Вечерва од 20:15 часот ќе се прикаже филмот „Оружје и луѓе“ од 1975, па следуваат „Трас ос Монтес“ од 1976 (27 јуни), „Маскарас“ од 1976 (28 јуни) и „Бегалец“ од 1978 (29 јуни).

Влезниците чинат 150 денари.