Од 17 до 21 јули, на повеќе локации во Охрид на отворено ќе се одржува седмиот Филмски фестивал на плажа. Настанот почнува на плажата „Славија“.
Фестивалот ќе го отвори српската комедија „Живи и здрави“. Во следните денови ќе се прикажуваат филмови и на плажата „Сараиште“ и бродот „Армада“, а ќе има и настапи на диџеи и бендови. На 21 јули од 20:30 часот, на плажата „Славија“ ќе се прикаже македонскиот филм „Те дуа, жими мене“ (фото), во режија на Марјан Гавриловски.
Проекциите за сите филмови се бесплатни.