Актерките Џенифер Лоренс и Џоди Фостер ќе бидат презентерки на наградата најдобра актерка на годинешните Оскари, пишува „Вараети“.
Кејси Афлек требаше да ја исполни традицијата и како најдобар актер од претходната година да ги најави најдобрите актерки, но тој се откажа од улогата на презентер, откако потврди дека годинава воопшто нема да присуствува на наградите на Академијата.
Тоа значи дека ќе биде прекршена традицијата на Оскарите, бидејќи четири жени ќе ги претстават актерските награди на годинашната церемонија, односно Лоренс и Фостер ќе ги најават најдобрите актерки, а Џејн Фонда и Хелен Мирен ќе ги најават најдобрите актери.
Според „Вараети“, дел од оскаровската вечер ќе биде посветена на движењето „Времето истече“, иако засега е непознато како тоа ќе се реализира.
Друга ѕвезда инволвирана во обвинувања за сексуално вознемирување, а која ќе учествува во церемонијата на наградите е Рајан Сикрест. Тој ги негираше обвинувањата против него и ќе биде домаќин на црвениот тепих за „Е!“, иако Лоренс кажа дека не е сигурна дали ќе застане и дали ќе зборува со него.
Џими Кимел ќе биде домаќин на 90. награди на Академијата, кои ќе одат во живо на мрежата Еј-Би-Си утре од театарот „Долби“ во Холивуд.